„Песни за љубов и копнеж” се состои од 11 преработки на според нас најубавите, но и подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20 век, кои ќе можете да ги слушнете на концертната промоција“, напиша Каролина.
Албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи на 24 декември, додека со секоја купена влезница ќе следува и физичко издание од албумот.
„Чест ми е што сум дел од еден ваков проект и што заедно со генијални уметници како што се Дуке и Исмаил ќе ве потсетиме, а можеби и ќе ви откриеме некои од најубавите песни кои ги памети македонската забавна музика“, напиша поп-пејачката.