Каролина е трудна

Поп-пејачката Каролина Гочева деновиве снимаше спот за својата нова песна и спотот треба да се промовира набргу. Но, како што пишува порталот „За сè“, освен новиот имиџ на Каролина, вниманието на обожавателите го привлекоа и коментарите оставени под фотографијата направена на самото снимање, а кои гласат: „Пред да ти се сврти“ и „Мајкица моја најубава на векот“. Поради ова, веќе почнаа шпекулациите дека пејачката е бремена.

Каролина се омажи пред два месеца за сликарот Михаил Корубин, а свадбата се одржа во објект на спортскиот аеродром „Стенковец“ далеку од очите на новинарите, во присуство на нивното семејство и најблиските пријатели.

Scroll to Top