Каролина ќе прави свадба на 25 септември

Поп-ѕвездата Каролина Гочева ќе се мажи со своето момче Михаил. Свадбата е закажана за 25 септември, а поп-пајачката наголемо се подготвува за свадбената ноќ.

Таа од вчера е на грчкиот остров Миконос со Михо. За тоа се пофали на својот инстаграм-профил. Претходно, двајцата беа во Италија на одмор во туристичкото местото Понте Векио, од каде што исто така објави фотографии.

Каролина и Михаил се речиси две години заедно. Тој е уметник и е син на позната модна креаторка Лиле Корубин. Двојката ја криеше врската подолго време, а во мај поп-ѕвездата на социјалните мрежи се пофали со свршеничкиот прстен.

Scroll to Top