Каролина и Михаил на свадбено патување во Канада

Поп-ѕвездата Каролина Гочева со својот сопруг, уметникот Михаил Корубин е на свадбено патување. Таа сподели фотографија од Торонто, Канада, каде заминаа со Михаил по новогодишните празници.

Во Торонто, е -12 степени, ама Каролина напишала дека има чувство дека е -22 степени. По Канада, тие ќе се прошетаат и во САД. Поп-ѕвездата пред Нова година го промовираше спотот за песната „Ѕвона“, која е најава за нејзиниот нов албум кој наскоро ќе го промовира.

Scroll to Top