Каролина Гочева најави концерт на 1 ви јули под отворено небо на Стадионот на АРМ, Скопје.
„Со задоволство ве поканувам на дружба под отворено небо, заедно да ги испееме песните кои oдбележаа еден цел милениум на спомени и моменти од мојот живот, а се надевам и од вашите“, реча Гочева.
Покрај песните кои изминатите години стааа препознатливи за Каролина Гочева од албумите „Македонско девојче“ таа најави дека на овој концерт ќе се пеа безвременските песни од цела нејзина музичка кариера.
„Ајде да летаме низ времеплов од спомени и емоции, заедно да се потсетиме на оние времиња на кои сите со насмевка се навраќаме. Се надевам дека ќе имаме една незаборавна вечер исполнета со многу љубов, но без облаци и дека после се, заслужено ќе се опуштиме..Иии… ќе биде се’ во ред“, рече Каролина.
Билетите за концертот ќе бидат пуште во продажба веќе од 8 ми јуни онлајн на avalon.mk како и низ нивната продажна мрежа низ Македонија.