Каролина најголемите хитови ќе ги пее на концерт во Битола

Поп-пејачката Каролина Гочева најави концерт во родната Битола.

Концертот на Каролина ќе се одржи на 10 -ти август во Голд Фелициа.

„Најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева повторно со настап во Голд Фелициа на 10 август. Ве очекуваат незаборавни мигови со единствениот и претпознатлив вокал на Каролина“, стои во најавата за концертот на Каролина.

Пејачката минатата година одржа голем концерт во Скопје, имаше најава и за концерт во Охрид, но поради ковид таа го откажа.

Scroll to Top