Каролина најголемите хитови ќе ги пее на концерт во Тетово

Поп-пејачката Каролина Гочева најави концерт на „Вајб мјузик фестивал“ во Лешок, Тетово.

Концертот на Каролина ќе се одржи на 27 -ми август и насловен е како „И ќе биде се во ред“ – Грејтес хитс.

На истата сцена во Тетово ќе настапат и Дивље јагоде и тетовкиот реге состав Конкоринг Лајан.

Пејачката минатата година одржа голем концерт во Скопје, имаше најава и за концерт во Охрид, но поради ковид таа го откажа.

Scroll to Top