Каролина си го премести роденденот на 1 март

Поп-пејачката Каролина Гочева, по подолго време, објави фотографија на „Инстаграм“. И тоа баш на 1 март, денот што асоцира на една од нејзините најпознати песни.

„Денес добив куп пораки, за момент си помислив и дека навистина ми е роденден. Сериозно ќе размислам од следната година да си го славам и денешниов празник. Па, среќен нека е“, напиша Каролина.

Таа на „Стори“ цел ден објавуваше видеа и фотографии од песната „1 март“, што ја споделуваа нејзините фанови.

 

Scroll to Top