Поп пејачката Каролина Гочева за празникот беше во Охрид. Уживаше во задјисонцето и добрата храна, а со чашка ракија и охридско макало рече дека си поминала убаво.
„Три прекрасни дена во секогаш најубавиот Охрид“, рече Каролина.
Пејачката речиси секое лето е во Охрид. На времето, кога ја почнуваше својата кариера и кога сè уште живееше во Битола, често можеше да се види на летување со друштво во градот.
За потсетување, претходно беше на одмор во Хрватска со својата сестра Сандра, мајка ѝ и со внуките. Со сопругот Михаил Корубин беше и на летувањето на Скијатос.