Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева по концертот во Скопје, ја најави нејзиниот следен настап. Таа најави дека оваа година ќе биде дел од Питијадата во Велес.
„Во сабота пееме во Велес“, напиша Каролина.
Каролина ќе одржи свој концерт во сабота на 8. октомври.
По три години пауза во Велес ќе се одржи традиционалната манифестација Питијада, каде покрај Каролина велешани ќе ги забавуваат и Лозано, Љубојна, Нокаут, Фолтин, ДНК.
Од фолк сцената ќе настапат Сузана Спасовска, Наум Петрески и Зуица Лазова и Миле Кузмановски.
Питијадата во Велес ќе се одржи од 7 до 9 октомври.