Поп-ѕвездата Каролина Гочева на 15 и 16 февруари ќе има концерт заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.
Концертите се закажани во деновите на љубовта, кога пејачката ќе ги отпее песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми во живо и со комплетно нови аранжмани.
Билетите се по цена од 1 000 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од утре онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на „Авалон продукција“, која е организатор на концертот.