Катарина Ивановска повторно бремена

Македонската манекенка и топ-модел Катарина Ивановска повторно ќе стане мајка.  Иако сè уште е во раната бременост, Катарина, покрај обврските дома, ангажирана е и за снимање модни брендови. Катарина и Цобе веќе го имаат синот Вања, кој во мај ќе наполни две години.  Катарина деновиве беше да ја снима фотосесијата на Парос во Грција за еден моден бренд со кој подолго време соработува. Неодамна во интервју за „Репортер“, таа ни раскажа за мајчинството и тоа дека еден ден планира на Вања да му го покаже Њујорк.

(ИНТЕРВЈУ) Катарина Ивановска: Ќе го носам Вања во Њујорк за да му раскажам за мојот живот

Scroll to Top