„Бовчалак“ е насловот на песната која победи на првата вечер на годинашното издание на Охрид Фест – Охридски трубадури.
Оваа тема со која настапија групата „Соната“ и Катерина Брезева ја доби првата награда како од фестивалското жири, така и од жирито составено од претставници на публиката. Автори на песната се Цане Петров и Огнен Неделковски.
На првата, односно фолк вечерта на дваесет и шестото издание на овој Фестивал настапија 20 изведувачи.
Биба Додева победи во поп вечерта. На Интернационалната вечер пак е резервиран за познати пејачи од регионот и од Европа.