Ќе се венча Александра Шијакоска со свршеникот Едмонд

Инфлуенсерката Александра Шијакоска откри дека ова лето ќе прави мини венчавка, а догодина ќе прави свадба. Таа на нстаграм стори се дружеше со нејзините следбеници, тие поставуваа прашања, а таа одговараше.

„Ќе има свадба?“, ја праша следбеник Шијакоска, на што таа напиша: „Се знае дека ова ќе е главно прашање. Свабата ја оставаме за наредно лето, ако е се по план. Сега имаме организирано мини прослава и венчавка со најблиските“, напиша Шијакоска.

Инаку таа во месец мај се сврши со нејзиниот партнер Едмонд, кој ја побара за жена во Солун во Луна парк каде ја изненади со веренички прстен.

Друг следбеник ја праша инфлуенсерката дали очекувала нејзиниот дечко да ја запроси, на што Александра рече дека по 12 години врска очекувала таков чекор од Едмонд.

„Очекував секаде освен во Солун, после мојот преглед. Не мислев дека ќе има прстен и се тоа, мислев другарски ќе си се договориме за свадба“, напиша Шијакоска.

 

 

 

Scroll to Top