Ќе се жени ексминистерот Љупчо Николовски

Поранешниот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, викендов ќе прави свадба во познат скопски хотел. Тој лани во октомври се венча во матично со неговата девојка Андријана Јакимовска, а потоа и во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Ексминистерот уште тогаш најави дека годинава ќе прават голема свадбена веселба.

Љупчо, кој е генерален секретар на СДСМ, и Андријана се по потекло од Крива Паланка. Таму и започнала нивната љубовна призкана. По неколку години двојката ја раскинала долгата врска, а Андријана заминала во Словенија. Таа таму работи во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. По неколку години откатао се разделиле, тие случајно се сретнале, па ја обновиле врската. Николовски ја запроси Андријана лани, во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море.

(Фото) Елегантна венчаница за генералниот секретар на СДСМ, се ожени Љупчо Николовски

Scroll to Top