Ќе се жени ракометарот Гоце Ојлески: Романтично запросување со свеќи и балони

Ракометарот на „Еурофарм“ од Битола, Гоце Ојлески, ја побара за жена својата долгогодишна девојка Елена Стојчева. Тој го направи тоа на романтичен начин, на што беа неколку нивни блиски, а фотките ги објави на Фејсбук.

„Таа рече да“, напиша Гоце.

Ојлески, кој е роден во Струга, од 2017 година игра за „Еурофарм работник“. Кариерата ја почна во „Вардар“, а потоа играше во „Металург“ и „Одорхеи“. Тој настапуваше и за младинската репрезентација на Македонија до 21 година.

Scroll to Top