Ќерка ми Невена е „македонското девојче“ од песната

Виолета Томовска, првата дама на македонската народна музика, неодамна наполни 73 години. Таа и денес се уште има енергија на публиката од повеќе генерации да ѝ ги стопли срцата пеејќи ги своите аманет-песни. Позната по своите „Македонско девојче“ (напишана за нејзината ќерка Невена), „Ој, Вардаре македонски“, „Едно име имаме“, „Молитва“, „Љубов голема“, „Песна ви пеам, Македонци“, „Запеј песна, Македонко“…

Вели песните се подарок и порака за публиката. Во интревју за Нова Македонија таа раскажала за почестоците на својата музичка кариера кога во втора година средно училиште учествувала на натпреварот „Микрофонот е ваш“, во организација на Радио Скопје, што се одржал во Домот на тогашната ЈНА.

“На натпреварот пеевме песни по свој избор, а комисијата оценуваше дали си талентиран или не. Јас сакав да пеам народна песна, но сепак ме убедија да испеам забавна мелодија. Јас избрав „Го љубам до најмалите ѕвезди“ на Нина Спирова, која веќе беше успешна пејачка. Победив и добив бурен аплауз, а ме вратија и на бис. Тоа ми ги отвори вратите на Радио Скопје. Ме поканија да бидам дел од концертите со Танцовиот оркестар, а по еден месец Забавната редакција им даде нарачки на одредени композитори да напишат мелодии за мене. Прва ја снимив „Пелистерски очи“ на Александар Џамбазов, на текст на Ѓоко Георгиев. Тоа беше почеток на мојата кариера“, рекла Томовска.

Подоцна се случил земјотресот во Скопје. „Тој 26 јули 1963 година се сруши зградата каде што живеев, вујкото и вујната загинаа во катастрофата, а јас со моите се вратив во Битола. Есента беше договорена турнеја во Канада и САД со КУД „Орце Никлов“, што ја организираше вујко ми и ми рекоа дека јас морам да одам во негово име. Постигнавме голем успех. По земјотресот настапувавме и пред странци од целиот свет што работеа во Скопје, на Деновите на солидарноста, а имавме хуманитарни настапи низ Македонија“, рекла Томовска.

Не е тајна дека „Македонско девојче“,  е за нејзината ќрка Невена, која заедно со Јонче Христовски ја смислиле на првиот роденден на нејзината ќерка. „Премиерно ја слушнавме на првиот роденден на ќерка ми Невена во 1967 година. Славевме кај нас дома, а гости ни беа Кочо Петровски, кумот Кирил Манчевски, Јонче Христовски… Пеевме и се смеевме по вечерата, а тогаш тој рече: „Оваа песна ѝ ја подарувам на Невенка, но и на сите македонски девојчиња“. Лани со спот и роденденска забава-изненадување за ќерка ми одбележивме 50 години од првата изведба на „Македонско девојче“ , рекла Виолета.

Целото интревју прочитајте го тука

Scroll to Top