„Ќерката Луција роди најскапоцен дијамант“, сопругата на Бранко Ѓорчев за среќните денови со внукот Вања

ТВ-презентерката Гордана Ѓорчева пред шест месеци стана баба. Нејзината ќерка Луција, која ја има од бракот со починатиот актер Бранко Ѓорчев, во август го роди синот Вања. Оттогаш, Гордана на својот профил на „Фејсбук“ постојано објавува слики од внукот. Таа не крие колку е среќна откако станала баба, а Вања го нарекува нејзиното најголемо богатство и најскапоцен дијамант.

„Мојата Луција беше упорна, силна и одлучна по природен пат да ја почувствува слатката болка на мајчинството. Добив најскапоцен дијамант. Мојата среќа Луција ми донесе уште поголема среќа. Сега таа со Александар и Вања се семејство“, напиша тогаш Гордана на Фејсбук.

Гордана своевремено раскажа дека нејзиниот живот целосно се сменил откако татко ѝ загинал во сообраќајна несреќа кога таа имала 19 години. Втората голема трагедија ја доживеа со смртта на нејзиниот сопруг, актерот Бранко Ѓорчев, кој почина на 24 февруари 2015 година. Оттогаш таа сама се грижи за ќерката Луција. Но, по раѓањето на внукот, Гордана вели дека и во нивното семејство се појавила светлина.

Scroll to Top