Ќерката на Мелита Ракичевиќ ја отвори летната во секси костим за капење

Барбара, ќерката на Мелита Ракичевиќ, откако прослави матура замина на одмор. Таа ја отвори летната сезона во костим за капење.

За одморот Барбара одбрала црн костим за капење, кој иако изгледа едноделен, костимот е со неколку засеци.

Барбара во последниот период често настапува во ноќни клубови, со помладите колешки од македонската забава сцена.

„Љубовта кон музиката ја имам од најмала возраст кога ме запиша на клавир и на соло пеење. И тоа е можеби една од најдобрите одлуки на моите родители“, вели Ракичевиќ. Повеќе не е дел од „Бекстејџ“, па вели дека заминала оттаму, оти веќе немале исти идеи. „Се сменија многу работи, па веќе не ми одговараа ни мене ниту на нив. Но, беше едно супер искуство додека траеше“, изјави неодамна Барбара во интервју за Репортер.

Инаку Барбара заврши во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, а за матурската вечер избра фустан во боја на шампањ, од модната дизајнерка Ива Спасовска.

Scroll to Top