Ќерката на Соња Тaрчуловска освои второ место во „Гласот на Малта”

Ќерката на фолк-пејачката Соња Тaрчуловска, Mелни, го освои второто место на фестивалот  „Златен глас на Малта“ (Golden Voice Malta). Таа настапи со песна од Бруно Марс, песна за која Тарчуловска вели дека било вистински предизвик за неа.

„Искрено да изведуваш песна на машко, балада, токму тоа и беше и предизвик и ова е тежок залак за девојче од 15 години“, ни кажа Соња.

Ова беше прв настап на Мелани на еден ваков фестивал. Соња ни раскажа дека Мелани од поодамна имала желба да почне да настапува, но најпрво морала да се запише во Средното музичко училиште, а потоа да почне со настапи.

„Таа навистина многу сака да пее. Во неа има голем потенцијал, ама за жал, кај нас нема фестивали за нејзината возсраст, па затоа и се реши да аплицира на еден ваков меѓународен фестивал“, раскажува Соња за „Репортер“.

„Пола живот ми помина во пеење, сега на ред е Мелани“, Соња Тарчуловска за ќерката која пее во “Гласот на Малта“

Scroll to Top