„Пола живот ми помина во пеење, сега на ред е Мелани“, Соња Тарчуловска за ќерката која пее во “Гласот на Малта“

Ќерката на фолк пејачката Соња Тaрчуловска, Mелни, ќе настапи на фестивалот  „Златен глас на Малта“  (Golden Voice Malta) , кој ќе се одржува од денес па до 4 јули. Ова е прв настап на Мелани  на ваков фестивал, па возбудени се не само таа туку и нејзините родители, Соња и Јохан.

Фолк пејачката Соња Тарчуловска ни раскажа дека Мелани од поодамна имала желба да почне да настапува, но најпрво морала да се запише во Средното музичко училиште, а потоа да почне со настапи.

“ Таа навистина многу сака да пее и  спрмна е, затоа што во неа има голем потенцијал, ама за жал, кај нас нема некој фестивали за нејзината возсраст, па затоа и се реши да аплицира на еден ваков меѓународен фестивал“, раскажува Соња за “Репортер“ и додава : “Мелни, ќе испе една песна од Бруно Марс и искрено да изведуваш песна на машко, балада, токму тоа и беше и предизвик и ова е тежок залак за девојче од 15 години“, искрена е Соња.

На прашањето што е со тремата , вели : “Трема нема, така барем  ми вели таа, можеби позитивна трема, ама тоа не е страшно  оти сепак се пее онлајн, заради пандемијата со  Ковид -19“.

Ќе настапт 39 учесници од различни држави и ќе пеат по категории, а гласањето ќе биде според поените на судиите професори и уметници, но и заради големиот број на учесници, фестивалот ќе се одржува во неколку дена .

Соња, последниов период одмара од музиката. Но, вели тоа не значи дека нема да и се врати, ама сепак, сега е среќна што нејзината ќекра го наследила тоа од неа.

“Секако дека мора да има и некој ген од мене  и тоа ме прави многу среќна затоа што Мелани го прави она што таа го сака. Совети и давам многу, посебно што јас го поминав пола од животот со настапи во време кога беше помалку достижно да се биде уметник пејач, а и се имаше и критериум. И јас и татко и секако ќе и бидеме најголемата поддршка но мојата интуиција вели дека таа може сама да се снајде да одлучува и да процени иако таа секогаш инсистира на совети од дома“, раскажа Соња за “Репортер“, и додава : Јохан е најголемиот подджувач на Мелани, татко и е навистина среќен што таа има талент и што секој ден е се подобра и подобра во пеењето.

За периодот во карантин Соња вели : “Периодов сме дома и само дома. Родендените си ги славивме дома, се организираме со фамилијарни игри и плус уживаме во готвењето.

Таа подолго време е отсутна од музиката, ама како вели „не и скарана со музиката’.

“Размислував за една песна која што одамна ја напишав и веќе  е готова. Но,  реално незнам кога ќе  ја испеам и промовирам. Може и наскоро, ама може и не. Како и да е имам уште еден прокет кој треба да го направам за душа, искрена е фолк пејачката.

Александра Георгиев 

Scroll to Top