Актерот Кевин Спејси обвинет e за уште седум сексуални напади во Велика Британија. Тој е обвинет од обвинителството за серија сексуални напади врз маж во периодот од 2001 до 2004 година.
Обвиненијата вклучуваат три точки за непристоен напад, за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност, сите за истата наводна жртва.
Познатиот актер се соочува со судење кое ќе трае три до четири недели и треба да започне на 6 јуни следната година.
Актерот следната година го очекува судење во Лондон за четири сексуални напади кои наводно ги извршил во периодот од 2005 до 2013 година. Неодамна, судот во Њујорк го ослободи од обвиненијата дека се обидел да го нападне актерот Ентони Рап во 1996 година.
Спејси беше практично протеран од актерскиот свет пред пет години, откако голем број мажи го пријавија за сексуална злоупотреба.