Во првиот дел од видеоматеријалот снимен при големата скопска аудиција на „Ѕвездите на Гранд“ јавноста ги запозна новите музичари кои својата среќа ќе ја пробаат на големата сцена во Белград.
Сепак, не за сите ова ќе биде прва шанса, некои од нив веќе добро ѝ се познати на јавноста:
- Мартинијан Кириловски – Куманово
- Марија Божиновска – Битола
- Стефан Величковски – Скопје
- Ивона Јовановиќ – Куманово
- Јасмин Идризовиќ – Скопје
- Гоце Бошковски – Прилеп
- Дарко Ангеловски – Скопје
- Спасе Антевски – Скопје
- Игор Васиљков – Куманово
- Иван Илиев – Скопје
- Бојан Илиевски – Скопје
- Јасмин Алиевски – Скопје
Репортер.мк од свои извори во продукцијата „Гранд“ ексклузивно дознава дека помеѓу кандидатите кои ќе се натпреваруваат оваа година се и две многу познати македонски имиња.
Првото име е Христијан Тодороски – миленикот на помладата популација кој врвот во својата кариера го доживеа во 2011 година кога ги промовираше своите хитови „Пекол и рај“ и „Сам на снегот“. Беше ексклузивец на продукциите „План Б“ и „Мак мјузик“, а на своите видеа има речиси милион прегледи.
Второто познато име кое влегува во „Гранд“ е токму пејачката Елена Миленковска, која промовираше неколку свои студиски песни, а понесе и награда за најперспективна млада македонска поп-пејачка на реномираниот радиски фестивал „МАРС 2016“.