Сопственикот на „Радио Бубамара“, Ранко Петровиќ, на својот фејсбук-профил објави неколку слики дека заедно со Гаро Тавитјан и Кирил Поп Христов – Кили го чистат Водно. Под мотото „Не се давај Скопје“, Ранко и пријателите исчистија дел од фрлениот смет по планинските патеки.
„Денеска нашите бубамара шумски свирачи настапија без инструменти на Средно Водно – заедно со персоналот од хотел ‘Водно’ и ресторан ‘КНА’, собравме една вреќа пластичен и друг отпад околу патот до бесплатниот паркинг. На другата страна од Водно, по планинарските тешко достапни патеки, голем број рекреативци уживаа во природата и дел од нив собираа пластични шишиња кои се наоѓаа на тешко достапните планинарски патеки. За чисти и зелени планини и езера“, напиша Ранко покрај фотографиите.
Тој доби поддршка од своите пријатели на „Фејсбук“, а некои му напишаа дека следниот пат и тие ќе му се придружат во акцијата за чистење.