Македонскиот ракометар Кире Лазаров напиша коментар за хрватскиот портал „Индекс“ за успехот на ракометарите на Вардар. Лазаров ја коментираше најубавата спортска приказна годинава. Приказната за Вардар. Гордоста на Македонија вели дека е во распад. Играчите со месеци не примиле плата, рускиот газда си заминал, а со него и неколку клучни играчи. Тие кои останаа ги добија документите и веќе пронајдоа нова дестинација каде ќе играат во следната сезона. Никој не очекуваше дека Вардар може да се избори за F4, а не пак да се надеваат на титулата. Сепак чудото се случи, пишува „Индекс.хр“.
Ова е бајка за која ќе се зборува со години
Ова е бајка. Приказна за која ќе се зборува со години. Вардар стана симбол дека е можно и она што сите велат дека е невозможно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само за спортисти, да сфатат дека најважното нешто во животот е да се верува, крваво да се работи да се даде последната капка крв и пот да ги исполните своите соништа. Овие момци седум-осум месеци не добиле плата. Лесно е за нас сега да паметуваме, но единствената вистина може да ја кажат оние кои на своја кожа почувствувале како е да се живее и да се работи во такви услови. Пред две години, кога беа шампиони на Европа, Вардар имаше страшен тим, беа финансиски силни и не беше изненадување тоа што се искачија на покривот на Европа. Ова што сега се случи е сосема поинакво. Минатата или во текот на оваа сезона си заминаа неколку главни играчи како Циндриќ, Штербик, Борозан и Алекс Душебаев. Никој не им даваше ниту грам шанса дека ќе се изборат за Ф4, а камоли да станат прваци на Европа.
Овие момци на младите спортисти им ја испратија најмоќната порака: Немате право на оправдување и алиби
Само тие веруваа дека можат и направија нешто што е многу поважно од самиот резултат. Испратија силна порака на сите млади спортисти дека нема изговори, дека нема алиби. Нема повеќе оправдувања дека управата не чини, дека нема пари, дека соиграчите се вакви или онакви, дека противниците имаат многу поголем буџет и поквалитетна екипа. Вардар докажа дека се е можно и нивната приказна мора да стане патоказ на сите млади луѓе дека треба да се верува во чуда. Неверојатно ми е како во тие години на беспарица, секојдневни написи во медиумите дека клубот се распаѓа, не се скараа, не се наруши хемијата кај момците. Се случи сосема спротивното, имам чувство дека тоа што се случуваше во Вардар само дополнително ја зближи екипата и дека проработе инаетот. Во животот сум освоил многу нешта, но ретко сум бил толку среќен. Македонец сум и горд сум што една ваква спортска бајка раскажа еден македонски тим. Вардар во Македонија е институција, многу повеќе од клуб. Вардар во Македонија е тоа што се Хајдук и Динамо во Хрватска. Симбол. Затоа се надевам дека овој трофеј и ова чудо кое го направија ќе поместат некои работи и верувам дека Вардар ќе остане голем и моќен.
Бев четири години во Барселона. Барса се распадна кога противникот ќе покаже заби, затоа што не знае како да се носи со притисокот. Како во ракометот, така во ккошарката и фудбалот.
Финалето е повеќе или помалку еднонасочна улица. Веспрем дури во финишот се доближи, но залудно беше да се верува дека можат да направат пресврт. Разликата од самиот почеток беше преголема. Клучот на освојувањето на титулата беше полуфинале против Барселона. Да бидам попрецизен, второто полувреме од мечот. Тој половина час ракомет за два дена го гледав неколку пати и сеуште не можам да верувам што се случи таму. Вардар на полувреме губеше седум гола разлика. Во 40 минута беше истата предност за Барселона, а 15 минути пред крајот, Барса имаше плуст шест и контра напад. Тогаш почна да се пишува бајката. Тешко и рационално е да се објасни што се случи и како е можно играчи како што се во Барселона, да можат да пропуштат толкава предност за само 15 минути. Сепак ќе се обидам да објаснам.
Во Барселона играв четири години. Барселона е најтрофејниот клуб во историјата, спортска институција и идеален клуб за игра кога сè е во ред и кога се победува. Проблемот почнува оној момент кога момците ќе ги фати паника, кога противникот ќе тргне да ја топи предноста. Тогаш Барселона се губи. Се сеќавам дека само пред неколку години против Фленсбург, неколку минути пред крајот имаа пет шест гола разлика и успеавме да изгубиме. Но, не е само проблемот на ракометарите на Барселона. Така е и во кошарката и фудбалот. Погледнете што и се случи на Барселона во последните две сезони во фудбалска Лига на шампиони против Рома и Ливерпул. По првите двобои имаа голема предност, а тогаш се распаднаа кога почнаа да примаат голови. Барселона е совршен град за живеење. Барселона е повеќе од клуб, но многу е тешко да се игра во Барселона. Притисокот е страшен. Таму се признава само првото место. Сè остантото е во заборав. Со таков притисок не е лесно да се носиш и затоа во таков клуб можат да опстанат само исклучително карактерни играчи.
Вардар се докажа каде што ПСЖ греши
Франција лани на F4 имаше дури три претставници, а Монпелје беше шампион. Оваа сезона се меѓу четирите најдобри клубови, не успеа да влезе ниту еден клуб од Франција. Се согласувам дека тоа е непријатно изненадување, но лани беа хит, на Нант или Монтпељер никој сериозно не сметаше, а оваа сезона сите не сватија сериозно. За Германците нема место на F4 веќе трета сезона по ред, а општо познато е дека француското и германското присуство се најсилни на светот. Проблемот е во силината и интезитетот на двете лиги. Во Франција и Германија конкуренцијата е најсилна, се игра со ритамот среда-сабота, а секој меч се смета за натпревар кој се игра на нож. Кога на тоа ќе го додадете и фактот дека во најсилните француски и германски клубови има бројни репрезентативци, тогаш доаѓаме до заклучок дека е големата истрошеност е причина за дебаклот на германските и француски клупски ракометни тимови оваа сезона. Ужасно е тешко физички и тактички да се подготувате во такви околности, додека од друга страна сите четири клуба кои сега играа во F4, играат во слаби лиги од почетокот на сезоната можат да се подготват за поход на Лига на шампиони. Според мене единствено изненадување беше ПСЖ, но и тој има ист проблем како и Барселона. Тие ракометари се направени само за насловните страни и се под страшен притисок. Огромен е стравот од неуспех. Исто така кога градите играчи за насловните страни не е важно да ја наполните соблекувалната со врвни играчи. Важна е селекцијата, врвната селекција. Оваа сезона тоа се покажа дека е Вардар, лани Монпелје, па пред тоа пак Варадр и Киелце. Докажаа дека парите не се и не смее да бидат пресудни.
Кире Лазаров еден најдобрите ракометари во светот со постигнати над 1000 погодоци
На Светското првенство во Загреб во 2009 година, Лазаров постигна 92 гола и е најдобар стрелец на еден ракоментен Мундијал во историјата. Рекордер е и на Европското првенство. Никогаш никој не постигнал 61 погодок. Кире Лазаров е најдобар стрелец во Лигата на шампиони и единствен играч во историјата на ракометот кој во кариерата постигнал повеќе од 1000 погодоци. Еден од најдобрите ракометари на сите времиња.
Во кариерата играл за македонските клубови Пелистер, Загреб, Веспрем и во дресот на Сиудад Реал стана шампион на Европа. Подоцна играше и за Алетлико, Барселона. Со 39 бројот на грбот, веќе со години игра за Нант, тим со кој лани сензационално играше во финалето на Лигата на шампиони. Со Македонија Лазаров никогаш не ја освоил медалата. Накблиску бил во Белград пред седум години кога ги однесе до петтото место. Во Македонија е ракометар број 1, а Кре е многу повеќе од спортист во Македонија, пишува хрватски „Индекс“.