Кире Лазаров дипломираше

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, дипломираше на Факултетот за физичка култура. Лазаров неколку часа по пласманот на Светското првенство во Германија и Данска, ја бранеше дипломската тема посветена на ракометот.

На бранењето на дипломската работа, која ја одбрани со 10,  Лазаров доби поддршка од скоро цела репрезентација, поранешни соиграчи и тренери, првите луѓе на федерацијата на чело со Живко Мукаетов, пријатели и членови на семејството.

 

Scroll to Top