Кире Лазаров втор најсекси ракометар на првенството во Хрватска

By

Хрватскиот ТВ-канал „РТЛ“ направи анкета меѓу жените во Хрватска за тоа кои се најсексапилните ракометари на Европското првенство. На топ 5 листата на второ место се најде Кире Лазаров.

Во „стручното жири“ се најдоа моделот Тина Катаниќ и ПР-експертот, Лана Клингор Михиќ. Нивната топ 5 листа на најзгодни ракометари ги вклучи Никола Карабатиќ од Франција како петти, Микел Хансен од Данска на место бр.4, трет е Виктор Гонзалес од Шпанија, Кирил Лазаров е на второ место, а домашниот ракометар, Домагој Дувњак за нив е најсексапилниот ракометар на првенството.

Жените Лазаров го опишаа како „раскошен цвет од градината на соседите“, а Кире од водителката доби пофалба дека е „вистински маж“. Катаниќ, пак, додала дека во Кире има „нешто маркантно“.

Ќе ви се допадне