Кирил Џајковски ќе настапи на 20-годишнината на „Битола отворен град“

Мкедонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски е еден од најпрепознатливите балкански електроуметници, кој ќе настапи на 20-годишнината на „Битола отворен град“. Џајковски е познат и како извонреден автор на филмска и театарска музика. Можеби една од најпознатите соработки е онаа со режисерот Манчевски и музиката за филмовите „Прашина“ и „Сенки“,  а најновата соработка беше за филмот „Врба“.

По цели 20 години, тој во 2019 го реиздаде својот легендарен албум „Хоумбаунд“ (Homebound). Веќе одамна ги надмина границите на регионот и како еден од изведувачите од овие простори со убедливо најуспешна интернационална кариера веќе ја претстави својата музика на главните бини на најголемите музички фестивали во Европа.

Меѓународниот младински арт-фестивал „Битола отворен град“ е традиционален уметнички фестивал, кој дваесет години ги слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

Scroll to Top