Кларинетистот Благој Ламњов го промовира првиот албум

Најпознатиот македонски кларинетист, Благој Ламњов, вчера во Велес го промовираше својот прв албум Nostalgic Love („Носталгична љубов“). Ова е негов целосно авторски проект, а Благој е изведувач, композитор и продуцент. Албумот содржи 10 инструментални композиции, изведени со кларинет, пијано, бас и гитара. Ламњов на албумот работел цели 14 години.

Овој музичар, кој во кариерата соработувал со многу познати групи и музичари, меѓу кои „Љубојна“ и Дуке Бојаџиев, веќе 15 години живее и работи во Шведска. Тој е музичар во тетатарот во Стокхолм, а во овој период настапува во мјузиклот „Музичарот на покривот“ со познати шведски актери. Повремено работи и во Операта во Малме и во Филхармонијата во Хелсинки. На 21 и 22 јануари догодина Ламњов ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонијата на Норшоп.

Scroll to Top