Клои Кардашијан, објави фотографии од нејзината кожа и објасни дека неодамна и е отстранет тумор од лицето. „Видов многу приказни за фластерот кој постојано ми е на лицето, а некои од вас се прашуваат зошто го носам во последните неколку недели. Откако забележав мала испакнатина на моето лице и претпоставив дека е нешто помало, како мозолче, решив да направам биопсија седум месеци откако сфатив дека не исчезнува“, напиша Кардашијан покрај фотографиите на нејзината приказна на Инстаграм.
Таа додаде дека двајца различни лекари и направиле биопсии и заклучиле дека таква грутка е ретка за некој на нејзина возраст. Неколку дена подоцна и кажале дека и е потребна операција за отстранување на туморот од нејзиното лице. Таа објасни дека ја споделила оваа приказна за да ја подигне свеста на луѓето за важноста на редовните прегледи. “Имав меланом на грбот кога имав 19 години, како и операција за отстранување, па затоа сум предиспонирана за меланоми. Дури и ако не сте склони кон нив, секогаш треба да се проверувате. Јас сум некој кој нанесува крема за сончање секој ден, религиозно, така што никој не е ослободен од овие работи“, рече таа.
Таа се заблагодари на д-р Фишер за помошта и рече дека е среќна што рано го забележала туморот: „Имав среќа, затоа што повеќето луѓе немаат среќа како мене и ќе бидам засекогаш благодарна“.