Кога ќе заспијат децата, ноќта е наша

Познатиот водител Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана по седум ипол години брак, последниве две години имаат сосема поинаков ритам. Нивниот свет сега се врти околу близнаците Љупка и Иво. Ненад и Горана успеваат да се организираат околу грижата за близнаците без никаква помош и покрај многуте дневни и ноќни работни обврски, раскажаа Женски магазин.

„Со оглед на тоа дека немаме кому да ги довериме а тие се уште мали нашето излегување без деца е додека се тие во градинка. Но , затоа по 20 часот ноќта е само за нас, ама дома„, раскажуваат Ненад и Горана

Ненад вели  дека близнаците неодамна прославиле втор роденден. Вели дека дома им е навистина весело.

„Во 7 часот сме сите на ‘нога’ без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и мнооогу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме ,а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет“, вели водителот.

Тој вели дека ужуваат со сопругата да ги гледаат децата како се гушкаат меѓусебно и додава дека кога ќе дојде дома со трчање му се фрлаат во прегратка.

Водителот раскажа и дека Иво не сакал да оди никаде без Љупка, а таа пак не сака да јаде ако Иво не го јадел оброкот. Познатиот водител, додава дека одсекогаш се восхитувал на родители со близнаци, а и нему му се исполнила желбата.

Scroll to Top