Кога се разболе Бранко, ги снема и пријателите

На 24 февруари навршија пет години од смртта на познатиот актер Бранко Ѓорчев. Тој беше во брак со познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева, која за „Женски магазин“ раскажа колку ѝ било тешко по смртта на нејзиниот сопруг.

„Се борев како лавица за неговиот живот. Направив сè што беше во моја моќ. Две години буквално спиев во болници и овде и во странство и мојата совест е комплетно чиста. А најважно од сè е човек мирно да спие“, раскажала познатата ТВ-презентерка. Откако го изгубила татко си на 19 години во сообраќајна несреќа, смртта на сопругот целосно ја скршила.

„За смртта на Бранко ретко зборувам. Болката е само моја и никој тука не може да ми помогне, освен самата јас. Буквално ме скрши неговото заминување и мислам дека дури сега, по 5 години, полека почнувам да си доаѓам на себе“, рекла таа. Во разговорот Гордана открила и дека многу се разочарала од повеќето блиски пријатели на актерот, кои никаде ги немало во најтешките мигови.

„Во најтешкото бев сосема сама. Зарем мислите дека постои пријателство? Како неговата болест да беше заразна. Неговите и мои најдобри другари Дејан Пројковски и неговата сопруга Билјана Драгичевиќ Пројковска се единствените личности кои беа со нас во најтешките мигови. Многу е неблагодарно и тажно кога негови некогаш блиски пријатели ја вртат главата настрана кога ќе ме сретнат. Но, навистина многу работи повеќе не ме допираат. Си велам, тие сме што сме. Ова е Македонија, полна е со злоба, за жал“, рекла таа. Гордана се омажила со актерот на 21 година и ја имаат ќерката Луција. На телевизијата е од 1999 година, како презентар на вестите.

Целото интервју прочитајте го тука.  

 

 

 

Scroll to Top