Кој на кого му е кум меѓу јавните фаци кај нас

Домашните јавни личности не заостануваат зад светските и регионалните ѕвезди да изберат за кум јавна личност со која професионално соработуваат и приватно се дружат. Кој на кого му е кум кај јавните фаци кај нас?

Столе Стоилов и Филип Лазаров

Другарството на ракометарите резултира со кумство пред неколку години – Столе му е кум на Филип.

Панчо и Андреј од ДНК

Момците од ДНК се пријатели со години. Андреј му е венчан кум на Панчо, а Панчо, пак, својот прв син го крсти Андреја.

Тони Михајловски и Славиша Киброски

Актерот и музичарот се пријатели со години. Тони е кум на ќерката на Славиша, Лина.

Андријана Будимир и Наумче Мојсоски

Наумче ѝ е венчан кум на Будимир бидејќи другарува со нејзиниот сопруг Јохан од детство. Наумче го крстил и нивниот син Максим.

Франц и Кире од „Нокаут“

Иако одамна не свират заедно, Франц и Кире ги врзува долгогодишно пријателство, но и кумство.

Scroll to Top