Кокев ја облече Шеќеринска во Брисел

Македонската модна дизајнерка Тања Кокев ја дотера министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, за вчерашниот Самит на Нато во Брисел. Дизајнерката се пофали ѝ на својот Фејсбук профил дека нејзиниот потпис стои зад облеката на Шеќеринска. За оваа пригода, министерката за одбрана се решила за розово-црна комбинација, а сето ова го освежила со модерен ѓердан. Освен Шеќеринска, и Фатиме Фетаи носи облека со потписот на Кокев.

Scroll to Top