Веста дека ненадејнао почина новинарот и портпарол на ЕВН, Атанас Ковачевски, ги најде затечени и негови блиски пријатели и колеги. Сè уште во неверување, тие веќе почнаа да се простуваат од него на социјалните мрежи .
„Не е можно“, напиша ТВ-презентерката Гордана Ѓорчева, откако слушнала за веста.
И Вики Ристовска-Чадиковска, со емотивна порака кон својот колега.
Наташа Стојановска од „Телма“ пишува дека вечра се слушнале, оти и барал контакт .
И водителката на „Канал 5“, Милена Антовска-Станковска, затечена од веста пипува.
– Беше еден од оние кои ми подадоа рака кога првпат дојдов во Канал 5. Се понуди да ме научи како да се изразувам на телевизија и да ме научи на правилна дикција. Последен пат се видовме на линк (во време корона). Ти благодарам Атанас за сѐ. Почивај во мир. Сочувство до семејството. Жално, многу жално… – напиша Милена.
„Аман бе човек, каде избрза?“ – напиша Наум Стоилковски, неговиот некогашен колега од информативната редакција на МРТ и актуелен портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.
„Душава ме боли… Патувај со ангелите Атанас Ковачевски, нека ти ги отворат рајските порти…“ – се зборовите покрај споделената заедничка фотографија, со кои се прости исто така неговата бивша колешка од МРТ, Снежана Пачоска-Китанчев.