Конфликти и интриги на новинарските пера во „Инсајдер“

Меѓуколегијални конфликти, финансиски проблеми, политика, борба за опстанок на печатот, муабети зад завесата, интриги, афери во новинарска куќа. Ова е приказната на серијата „Инсајдер“, која почнува да се емитува од понеделник од 20.40 часот на „Телма“.

„Инсајдер“, всушност, е неделен магазин што се занимава со истражувачко новинарство. Новинарството засега е раскажано низ 26 епизоди во првата сезона, а има најави и за втора. Во „Инсајдер“ играат српскиот актер Светозар Цветковиќ-Цвеле, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешковски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска. Во епизодни улоги ќе ги видиме и Васил Зафирчев, Сашко Коцев, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Славиша Кајевски и многу други.

„Инсајдер“ ја режираат Игор Иванов-Изи, Вардан Тозија, Дарјан Пејовски и по една епизода Дина Дума и Марија Апчевска. Сценариото го потпишуваат: Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова и Драган Лука.

Scroll to Top