Концерт на Митан проект со Андријана Јаневска во Крива Паланка

Утревечер, 4 јули, со почеток во 20:00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе бидат изведени најубавите македонски антологиски песни, во рамките на концертот на Митан проект со Андријана Јаневска.

Овој познат музички проект кој ја обединува традицијата и емоциите на некогашниот дух на врмето, претставува музичко патување низ Македонија со песни кои ја раскажуваат приказната за радоста, љубовта, тагата и гордоста.

На програмата се најубавите „Македонски рози“ кои ќе ги оживеат спомените за опеаните Дафина, Милица, Елена, едно моме и други, преку уникатната интерпретација на Андријана Јаневска, маестро Дамир Имери и музичарите Владимир Крстев, Александар Јовевски, Петар димовски и Мите Димовски-Митан.

Настанот е дел од програмата на „Крива Паланка – Град на културата 2024“, и претставува можност за сите љубители на македонската музика да уживаат во едно незаборавно доживување, исполнето со емоции и спомени за паметење.

Scroll to Top