Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски, на 17 ноември ќе одржи концерт во кафе-барот „Интермецо“ во Скопје. Тој ќе настапи заедно со својот син Јан, кој свири тапани, и Иван Кукиќ кој ќе го придружува на бас гитара.
Концертот на Влатко Стефановски трио ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, а пред скопската публика ќе отсвират голем дел од неговите авторски песни.
Влезниците се пуштени во продажба во ограничен број. Организаторите велат дека настанот ќе се одржи согласно здравствените протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.
За потсетување, Влатко Стефановски три летово беше на балканска турнеја и одржаа концерти во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, а на почетокот на август настапија и на Антички во Охрид.