Градоначалничката Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, а Тина Мицковска за негов прв соработник и заменичка.
Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент, а од 2011 работи во Зоолошката градина во Скопје како самостоен ЗОО негувател.
Мицковска, пред да биде назначена за оваа функција, беше задолжена за односи со јавност на Зоолошката градина во Скопје.
„Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се ревитализирање на сите надворешни живеалишта, изведба на центар за хипорехабилитација на местото на градскиот пајтон, ставање во функција на мултинаменскиот центар со цел едукација на деца од предшколска и школска возраст како и изградба на детски парк. Зоолошката градина во Скопје во соработка со Град Скопје ќе работи и на поставување на обновливи извори на енергија на сите објекти во зоолошката градина“, стои во соопштението на Град Скопје.
За потсетување, вчера претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од функцијата.
Директорот на Зоолошката градина поднесе оставка: Другари, се враќам на улица