Кристина Димитри: Син ми му го даде оброкот на дете што бараше храна, најголем успех ми е неговата добра душа

Пејачката и манекенка, Кристина Димитри на „Инстаграм“ напиша дека горда на својот 6-годишен син кој го поделил својот оброк со детенце кое дошло додека ручале и барало храна.

„Се мислев дали да го споделам ова…Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син. Додека јадевме, дојде детенце кое бараше храна, а син ми без размислување му го даде неговиот оброк. И му кажа: Еве, да го поделиме’. И ме праша: ‘Мама, може и пари да му дадеме за да купи за дома?’ Ми кажав дека може. Таа негова добра душичка и воспитување се мојот најголем успех“, напиша Димитри.

Scroll to Top