Кристина вечер ќе се натпреварува за најубава на „Мис глоуб“ во Улцињ

Вечер во Улцињ, Црна Гора, ќе се одржи финалето „Мис глоуб 2019“. Македонија ќе ја претставува манеканката Кристина Димитријевска (23) од Тетово, членка на модното судио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за овој познат избор на убавина.  Кристина веќе три недели е во Црна Гора, каде заедно со уште 50 девојки од исто толку држави од цел свет  ќе се натпреварува во изборот за најубава девојка во вечерашното финале.

Од настанот вечер ќе има и директен пренос на вториот канал на  МРТ. „Освен Кристина, која веќе три недели е таму, и македонскиот поп-пејач Даниел Данн ќе има свој настап во уметничката програма“, ни изјави Мики Црнокрак,  шефот на македонската делегација во Улцињ, Црна Гора.

 

Scroll to Top