Кумановка во кревет со Панчо и Андреј

ДНК ја промовираа својата нова песна „Пола човек“, работена со Лазар Цветковски. Лазе го направи аранжманот, текстот е на Панчо, а музиката ја направија двајцата.

Видеото е несекојдневна крими приказна, љубовен триаголник помеѓу Панчо, Андреј и кумановката Олгица Стрика. Режисер на спотот е Александар Ристовски – Принц.

„И со ова видео, кое ни е прво со Принц, сакавме да ја задржиме традицијата – песна и спот во исто време. Мотив во целата приказна е љубовта. Затоа решивме песната да ја промовираме пред 8 март и со неа да им го честитаме празникот на сите жени кои заслужуваат љубов и внимание секој ден“, велат Андреј и Панчо.

Scroll to Top