Победникот на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, единствениот Ристе Ристески после напорниот период одлучи малку да се опушти и да се рекреира на една од охридските плажи.
Со ладно пиво во раката, тој ужива и ги „полни батериите“ за уште понапорниот период кој го очекува во наредните месеци. Покрај снимањето на првата студиска песна, од менаџментот на Ристески најавуваат бројни новитети и изненадувања за целата јавност.
Ристе иако поседува два автомобили, едниот марка Ауди А4 со „фул опрема“ со кој патува насекаде и вториот, најнов ексклузивен модел на Шкода Рапид кој го доби на подарок од продукцијата „Гранд“, низ својот роден Охрид милува да се вози и рекреира на две тркала.
– Возењето велосипед ме исполнува, а и ми помага да ја одржам линијата. Сакам да спортувам и да сум активен, голем дел од слободното време го посветувам на возење велосипед, вели Ристе Ристески.