Инструкторка по јога, Лејла Рамковска и музичарот Роберт Билбилов веќе неколку месеци во љубовна врска. Двојката веќе не ја крие љубовта. По објавата дека се заедно, конечно осамна и фотографија на Инстаграм. Рамковска објави фотка од Билбилов, што до сега не го права , и ова уште една потврда дека двојката ужива во љубовта.
„Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“, ни рече Лејла неодамна во разговор за Репортер
Двојката претходно беа пријатели повеќе од 15години Во последно време често може да се видат во скопските ресторани и кафулиња, на прошетка низ град.
Роберт и Лејла веќе имаат по еден брак зад себе. Лејла беше во брак со Сефер Цаноски, со кого има две деца, а Билбилов со поранешната манекенката Ана со која имаат син.