Ламбе, Каролина и Виктор ќе пеат на концертот посветен на Тоше и Аки во Битола

Ламбе Алабаковски, Каролина Гочева, Александар Тарабунов, Виктор Апостоловски и Јана Бурческа се дел од музичарите што на 18 и 19 февруари ќе пеат на концертот „Засекогаш во срцата“, посветен на починатите музички легенди Тоше Проески и Аки Рахимовски. Придружувани од хорот на ДМУ Битола, пејачите ќе испеат некои од најголемите хитови на Тоше и Аки. Диригент е Владимир Димовски, а организатор е Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола.

„Капацитетот на салата поради здравствените протоколи е 400 седишта и за влез е потребен сертификат за вакцинација“, велат организаторите и додаваат дека билетите се веќе распродадени.

Scroll to Top