Лани роденденот ти мина со тешка дијагноза и болки, а денес славиш на нозе, девојче мое: ќерката на Јулија една година борец со ракот

By

Пејачката и водителка Јулија сподели емоции за роденденот на својата ќерка Андријана, на која лани токму на истот ден ѝ дијагностицираа рак. По една година борба и хемотерапии, денес Андријана повторно е на нозе за да го прослави роденденот. Годината што измина, вели Јулија, направила најголем пресврт во нивните животи, нешто што не можат ни да го замислат дека им се случувало.

„Една година помина, лани на твојот роденден со тешка дијагноза, со болки, кои едвај ги ублаживме за да можеш да застанеш на нозе и да се сликнеме со роденденската торта, која едвај ја купивме. Со еден куп прашалници кои и не можевме да ги изговориме. Нè болеше сите, не знаевме веќе ни колку, ни каде сме, ама сепак не застанавме, се насмеавме, се сликнавме роденденски. Со верба дека и догодина ќе славиме. И еве сине мило, помина една година, ти застана на нозе, ти можеш повторно да одиш. Да се смееш, да сликаш, да ја шириш својата светлина. Му благодарам на Бога, понизно до земја и високо до небо“, вели водителката и мотивациски говорник Јулија. И додава: „Биди ми среќна моја Андријана, колку си силна ни покажа и продолжи да чекориш полна со самодоверба“.

За потсетување, на Андријана пред една година ѝ беше дијагностцициран рак на дојката, кој метастазирал на коските и црниот дроб, заради што таа се соочувала со неиздржливи болки. По хемотерапиите и зрачењето, следуваат нови испитувања и терапии. Зимата во февруари, уметниците и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела по прифатливи цени и собираа средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.

Ќе ви се допадне

AnimeFreak: Ani ni Tsukeru Kusuri wa Nai! 3 anime episode 12 online free at https://animefreak.ws free anime

TwistMoe: Space Adventure Cobra anime episode 31 online free at https://twistmoe.net watch anime dub

Watch Ongaku Episode Full

AnimeTV: The Jungle Book (Dub) anime episode 52 online free at https://animetv.cc anime tv freak

Bbs now: https://bbs.now.qq.com/home.php?mod=space&uid=1199206

Woddal: https://www.woddal.com/gogoanimelol