Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е првиот ракометар што со четири различни клуба играл во најелитното ракометно клупско натпреварување, Фајнал-фор.
Лазаров во моментов настапува за францускиот прволигаш „Нант“, со кој вчера се избори за пласман меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Тој веќе настапуваше во ова натпреварување со Суидад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона. Европските медиуми пишуваат дека со ова Лазаров испишува нова историја во ракометот.
На турнирот што ќе се одржи на 26 и 27 мај во Келн, освен „Нант“ ќе играат уште и „Вардар“, кој ќе се обиде да го одбрани трофејот, „Монпелје“ и „ПСЖ“.