Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендарвски утрово објави дека е креиран лажен профил, направен со нејзиното име, во кој таа избира среќници на кој ќе им дели парична помош од 5000 илјади евра. Корисниците требале да го внесат името и презимето и да ја споделат објавта, а потоа да чекаат дали се во тие 100 среќници или не.
На лажниот профил кој е отворн од вчера е искорисено презимето од претседателот Пендаровски, иако неговата сопруга го има задржано моминското презиме. Куп кометари и споделувања под објавта за днации, а лажниот корисник на профилот уредно им одговарал на сите кои пишуваат. За да изгледа повердостоен профилот, предходно користени се и објави од активностите на претседателот.
„Профилот е пријавне во МВР, но би ве замолила за побрза реаакција“, пишува сопругата на Пендаровски која од пријателите на соцоијалните мрежи дознала за лажниот профил.