Инструкторка по јога, Лејла Рамковска потврди дека е во љубовна врска со познатиот музичар Роберт Билбилов.
„Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“, ни рече Лејла во разговор за Репортер.
Двојката се неколку месеци во љубовна врска, а претходно беа пријатели повеќе од 15 години. Во последно време често може да се видат во скопските ресторани и кафулиња, на прошетка низ градот, а имаат и по некоја заедничка објава на социјалните мрежи.
Роберт и Лејла веќе имаат по еден брак зад себе. Лејла беше во брак со Сефер Цаноски, со кого има две деца, а Билбилов со поранешната манекенката Ана со која имаат син.
(А.Г.)