Лепа Лукиќ откри дека често разговара со Боки 13: Кутриот, има фобија од затворен простор

Фолк-пејачката Лепа Лукиќ, која е добра пријателка со Боки 13 од времето кога двајцата учествуваа во реалнито шоу „Големиот брат“, вели дека е постојано во контакт со него откако е тој во домашен притвор. Лукиќ за српски „Курир“ откри дека додека Бојан бил во затвор, често се слушала на телефон со неговата мајка за да се распраша како е.

„Додека Бојан беше во затвор разговарав со мајка му, да ја прашам како е тој, дали му треба нешто, можам ли некако да му помогнам. Кога го пуштија во домашен притвор ми се јави веднаш да ми каже дека веќе не е во затвор“, рекла Лепа во интервјуто.

Пејачката раскажала дека Боки 13 отсекогаш бил добар со неа и дека тоа е причината што и понатаму се пријатели.

„Не ми е гајле што правел или не правел, тоа не е моја грижа. Знам само дека со мене е добар. И многу се израдував кога го слушнав. Ми кажа дека е сега здравствено добар, но многу ослабел во затворот. Кутриот има фобија од затворен простор, па го прашав како изража една година во затвор. Тој негира дека е виновен, вели дека го наместиле и дека нема врска со ттоа за што го обвинуваат“, додала Лукиќ.

За потсетување, лани во октомври, Апелациониот суд донесе одлука Јовановски да биде префрлен во домашен притвор од истражниот затвор „Скопје“. Тој беше во притвор од 15 јули 2019 година, кога беше отворена истрага за случајот „Рекет“. Лани за овој случај беше осуден на девет години затвор. Против него се води уште една судска постапка во која е првообвинет за финансиски малверзации.

Scroll to Top